Постигнат договор: Лука Модриќ станува еден од сопствениците на англискиот второлигаш

Познатиот хрватски фудбалер и играч на Реал Мадрид, Лука Модриќ (39) наскоро ќе стане еден од сопствениците на англискиот клуб Свонси.

Ова денеска го објави ексклузивно угледниот италијански инсајдер Фабрицио Романо кој рече дека договорот меѓу двете страни е веќе постигнат.

Сега е потребно само да се испочитува потребната законска процедура и Модриќ ќе стане сопственик на удел во сопственоста на Свонси.

Тоа е клуб кој денес се натпреварува во Чемпионшип, второлигаш на англискиот фудбал, а пред осум години популарните Лебеди беа меѓу елитата – во Премиер лигата.

Последните денови многу се зборуваше за статусот на Модриќ во Реал Мадрид, каде што е јасно дека неговата кариера е при крај, но Романо тврди дека работата во Свонси не се одразува на играчка кариера на Хрватот.

Моментално Свонси е 12. на табелата во Чемпионшип и сигурно нема да испадне, но нема шанси да се бори за пласман во Премиер лигата.