Постои еден универзален индикатор дека вашето тело старее предвреме

Често луѓето не се ни свесни за оваа состојба.

Нормално е да се појават одредени здравствени проблеми со возраста. Меѓутоа, понекогаш некои необични показатели можат да откријат дека нашето тело старее многу побрзо од вообичаеното.

Често луѓето не се ни свесни за оваа состојба, а всушност постои еден показател кој се појавува кај многу луѓе, а токму тој го открива предвременото стареење.

Станува збор за бавно одење. Ако нашата брзина на одење значително се забави во 40-тите години, многу е веројатно дека нашето тело е постаро отколку што треба да биде во просек.

Затоа, побавното одење е всушност еден од најчестите знаци дека пребрзо старееме, тврдат лекарите.

Тие исто така додаваат дека пешачењето е една од наједноставните и најдобрите вежби што можеме да ги правиме, а лесно е да го забрзате и олесните вашиот чекор со редовните прошетки.

 

За да се постигне ова, тие советуваат да се започне со петминутни прошетки секој ден и постепено да се зголемуваат до 30 минути. Целта, објаснуваат, е да се достигне 100 чекори во минута, пишува WbeMD.