Претседателот на Франција, Емануел Макрон, изјави денес во Ерусалим дека Израел нема да биде оставен сам во борбата против исламските екстремисти, но предупреди на опасност од регионален конфликт.
Во разговор со израелскиот претседател Исак Херцог, Емануел Макрон порача дека Париз стои „рамо до рамо“ со Израел и дека прва цел треба да биде ослободување на заложниците од Појасот Газа.
„Не сте сами во војната против тероризмот. Наша должност е да се бориме против тероризмот, без да го шириме конфликтот“, рекол Емануел Макрон, пренесува медиумската агенција Reuters.
Емануел Макрон по средбата со Исак Херцог изјави дека прва цел е ослободување на заложниците.
„Хамас го изврши еден од најголемите ужаси во историјата“, рекол Емануел Макрон, кој се сретна и со семејствата на луѓето киднапирани во нападите на Хамас врз јужен Израел на 7. октомври.
Тој, исто така, предупреди дека сојузникот на Хамас, либански Хезболах и неговиот поддржувач Иран си играат со оган, објавија израелските медиуми.
„Теророт извршен овде е шок за човештвото“, нагласил францускиот претседател.
Емануел Макрон денеска ќе го посети и окупираниот Западен Брег, каде ќе се сретне со палестинскиот претседател Махмуд Абас.