Повеќето жени паѓаат во депресија кога ќе накачат некој килограм вишок, штом ќе забележат целулит на телото се тагуваат, стриите им се најголемата нервоза…
Сепак, Ешли Греам ги нема овие проблеми!
Американската манекенка се гордее со своето тело со очигледниот вишок на килограми. И не само тоа – таа одлично ги материјализираше своите форми! – пренесува Телеграфи.
Навистина, Ешли е најплатениот модел во светот, е многу баран и е заштитно лице на познати брендови.
Таа знае максимално да ја носи својата тежина со самодоверба, што веројатно е причината зошто мажите ширум светот лудуваат по неа и е постојана модна инспирација за дебелите жени.
Значи, драги дами, за да бидете убави, неодоливи и заводливи за мажите, не е потребно да ги имате пропорциите 90-60-90, туку да блескате одвнатре и да бидете задоволни со себе!
А ако сè уште не сте сигурни како да се облекувате, погледнете во продолжение како тоа го прави фаталната жена Ешли!