Врховниот суд на Иран ја потврди смртната казна на иранско-германскиот државјанин Џамшид Шармахд, поради обвинение за организирање бомбашки напад во 2008 година и други напади во Иран, изјави денеска портпаролот на судството, Масуд Сетајеши.
Иран го обвинува Шармахд, кој имал престојувалиште на САД, дека водел промонархистичка група обвинета за бомбашкиот напад во 2008 година и планирал други напади во Иран.
Иран рече дека Шармахд е водач на вооруженото крило на групата што се залага за обновување на монархијата, која беше соборена во Исламската револуција во 1979 година, додека неговото семејство тврди дека тој бил само портпарол на таа опозициска група и негира какво било негово учество во нападите.