Загинат е и пилотот на авионот Ф-4 фантом на грчката воено воздухопловство, што во понеделникот се урна во Јонското Mоре, според соопштението на Генералштаб на военото воздухопловство, што го пренесуваат грчките медиуми.
Според истите информации, операцијата за спасување и потрага по 31-годишниот пилот завршила, а од пронајдените остатоци и анализата била потврдена смртта.
Авионот се урна во морето во понеделникот наутро за време на едукативен лет, откако полета од градот Андравида во северозападниот дел на Пелопонез, а неколку часа по падот беше потврдена смртта на копилотот, а потрагата по пилотот траеше над 48 часа