Никој не дава надеж за помирување меѓу браќата кои едвај разменија збор на погребот на кралицата Елизабета Втора во септември минатата година.
И покрај неговиот, благо кажано, комплициран однос со неговото семејство, потврдено е дека принцот Хари ќе се појави на 6 мај на крунисувањето на неговиот татко, кралот Чарлс III , во Вестминстерската опатија.
Како што објави Дејли Мејл, Хари на церемонијата ќе дојде без сопругата Меган Маркл и нивните деца, ќерката Лилибет (1) и синот Арчи , кој тој ден ќе го прослави четвртиот роденден. Принцот имал деликатни преговори со своето семејство, кои биле опишани како игра на „трансатлантски пинг-понг“ , и на крајот решил да одговори на поканата.
Имено, тој сфаќа дека крунисувањето е најважниот ден во животот на неговиот татко и сметал дека е правилно да се појави и покрај неговите напади врз семејството. Сепак, со оглед на сето она што го направи, тој нема да има многу топло добредојде во ОК.
Семејството планира да биде ладно и формално кон Хари. Како што изјави извор за Дејли Мејл, неговиот постар брат, принцот Вилијам , воопшто нема намера да разговара со него, откако го нападна во автобиографијата „Резерва“ и документарецот на Нетфликс „Хари и Меган“ . Сепак, тој никогаш не сакаше да го спречи Хари да биде присутен на крунисувањето. Само нивниот татко Чарлс може да го промени мислењето за комуникацијата со својот помал брат.
Изворот исто така тврди дека остатокот од семејството не сака да разговара со Хари и ќе го направи само основното – да го поздрават кога ќе се сретнат . Исклучок може да бидат неговите братучеди, принцезите Беатрис и Евгенија , кои секогаш имале добри односи со него. Поради ова, церемонијата може да биде понепријатна отколку што се плашеше Хари.
Инаку, Хари претходно јавно го повика семејството да им се извини нему и на Меган за малото. Тој исто така побара татко му и брат му да седнат со него пред 6 мај за да ги разјаснат нивните меѓусебни прашања. Сепак, никој од нив не сакаше да му угоди, а беа повредени и налутени од неговото однесување.
Никој не дава надеж за помирување меѓу браќата кои едвај разменија збор на погребот на кралицата Елизабета Втора во септември минатата година.