Потврден најголемиот трансфер оваа зима! ПСЖ донесе големо засилување за 70 милиони евра

Најголемиот трансфер во јануарскиот преоден рок вечерва доби официјална потврда, бидејќи Пари Сен Жермен го претстави Хвич Кварацхели (23)!

За трансферот на Грузиецот од Наполи во ПСЖ се зборуваше со недели, а сагата заврши вечерва и Кварацхелија потпиша четири и пол годишен договор со клубот од Паркот на принцовите.

Наполитанците ќе инкасираат 70 милиони евра обештетување.

Така Кварацхелија го напушти Неапол по две и пол години, откако таму пристигна во летото 2022 година од Динамо Батуми за 13,3 милиони евра.

Оттогаш, тој одигра 107 натпревари за Наполи, постигна 30 гола и забележа 29 асистенции.

Претходно, се уште популарниот Кварадона настапуваше и за Рубин Казан, Рустави, Локомотив од Москва и Динамо Тбилиси.