На денешната средба во Техеран, претседателот на Иран и на Узбекистан, Ебрахим Раиси и Шавкат Мирзијоев договорија продлабочување на билатералната соработка.
Тоа е прва посета на узбекистански претседател на Иран по повеќе од две децении.
На средбата потпишани се и 11 договори за соработка во различни области, вклучително трговијата, транспортот, фармацевтските производи, технологијата и земјоделството.
Иран и Узбекистан, кои се граничат со Авганистан, потпишаа и договори за соработка во областа на стандардите и процената на можноста за создавање трговски договори.