Ректорите Игор Неделковски и академик Изет Зеќири потпишаа билатерален договор за соработка меѓу Универзитетот „Св. Климент Охридски“-Битола и Универзитетот „Мајка Тереза“ од Скопје.
Со договорот се овозможува учество во заеднички научно-истражувачки проекти, организирање семинари, конференции, академски форуми и други форми на академска соработка.
Ректорите Неделковски и Зеќири потврдија дека со договорот се дефинирани наставно-научните области од заеднички интерес како и модалитетите за реализација на активности во делот на размени на кадри и студенти.