Повторно раст на месечните трошоци. Синдикатот измери, во февруари се зголемиле за над 500 денари. Според, анализата на едно четиричлено семејство за да го истурка месецот и да ги покрие само основните потреби му се потреби над 63 илјади денари.
Со вклучување на кирија за стан пак достигнуваат и до 80 илјади денари. Најголем дел од парите во месецот одат за храна, повеќе од една минимална плата, за која синдикатот уште пред изборите лани води преговори за да се покачи и да биде околу 450 евра.
Инаку, во синдикалната минимална кошничка влегуваат 63 производи, но за премиерот Мицксоки пресметката е спорна и во нејзе влегувале и се пресметувале чудни производи. Па Владата бара да се промени пресметката и во нејзе да бидат вклучени министерство за економија, финансии, организацијата на потрошувачи.
Но според анализата во кошничката на ССМ најголем дел од производите се вметнати во пресметката на кошничката на Државниот завода за статистика која се објавува еднаш во годината.