– Владимир Блажев, познат под уметничкото име Панчо од музичкото дуо ДНК, почина денес, речиси седум месеци откако преживеа тешка несреќа во Кочани.
Утрината по несреќата, која се случи на 16 март, Панчо беше пренесен во Клиничкиот центар во Скопје. Неговата сестра тогаш потврди дека тој има сериозни изгореници и повреди на лицето и рацете, но дека не е во животна опасност.
Подоцна тој беше префрлен во приватна клиника во Скопје, каде што детално се лекуваше и помина низ неколку операции.
За жал, лекарските напори не дадоа резултат — Панчо подлегна на повредите.
Познати личности и членови на семејството преку објави на Фејсбу, се простуваат од него, изразувајќи голема тага и благодарност до сите кои го поддржаа во текот на лечењето.