По кратко боледување почина доајенот на македонското новинарство Предраг Димитровски (64).
Димитровски беше новинар повеќе од 30 години и еден од најистакнатите новинари во Македонија.
Од 2005 до 2006 година беше главен и одговорен уредник на дневниот весник Вечер, а потоа работеше во Дневник.
Последните години ги помина во Република и Прес ТВ, каде се специјализираше за теми поврзани со односите со Бугарија.
Неговите колумни предизвикаа големо влијание и беа меѓу најчитаните.