Професионалниот сурфер и спасител Тамајо Пери (49), кој имаше помала улога во четвртиот дел од „Пиратите од Карибите“, загина откако бил нападнат од ајкула додека сурфал на Хаваи.
Пери во неделата бил нападнат од ајкула во близина на островот Оаху, спасувачите го донеле на брегот, но службите за итни случаи можеле само да прогласат дека е мртов, соопшти итната служба, пренесе АП.
Пери работеше како спасител од јули 2016 година и беше високо ценет, според американската агенција.
По нападот, властите издадоа предупредување за ајкули во областа.
Вршителот на должноста шеф за безбедност на океанот во Хонолулу, Курт Лагер, рече дека Пери е „сакан спасител“ и професионален сурфер познат низ целиот свет, пишува Sky News.
Градоначалникот на Хонолулу, Рик Бланџарди, рече дека Перти е добро почитуван и дека неговата смрт е „трагична загуба“.