Почина американскиот војник Арон Башнел кој се запали пред израелската Амбасада во Вашингтон

– Арон Башнел, американскиот војник кој се запали пред израелската Амбасада во Вашингтон, велејќи дека „нема да учествува во геноцидот“ во Газа, почина во болница.

Метрополитенската полициска управа во Вашингтон објави соопштение во кое потврди дека 25-годишниот Башнел починал откако се самозапали пред израелската Амбасада.

Активниот припадник на американското воено воздухопловство вчера се самозапали пред израелската Амбасада во Вашингтон во знак на протест против војната во Газа, јавуваат бројни американски медиуми.

„Веќе нема да бидам соучесник во геноцидот. Ќе се впуштам во екстремен чин на протест, но во споредба со она што луѓето го доживуваат во Палестина од рацете на колонизаторите, ова воопшто не е екстремно. Ова е она што нашата владејачка елита одлучи дека ќе биде нормално“, рече 25-годишниот Арон Башнел пред да се самозапали.

Снимката која го прикажува неговиот вид на протест и моментот кога Бушнел се самозапалува станаа вирална.

Пожарот е изгаснат од персоналот на тајната служба, а Башнел потоа е пренесен во болница со „критични повреди опасни по живот“, каде што и починал.

Неговите последни зборови беа: „Слободна Палестина“.