По долга и тешка болест во 75 година почина Дамир Шолман, еден од најдобрите југословенски и хрватски кошаркари на сите времиња.
Загрепчанецот Шолман во кошаркарските анали влезе како најдобар стрелец на сите времиња на сплитската Југопластика (денес КК Сплит) со постигнати 5.783 поени.
Во сезоната 1872/73 со Југопластика играше во финалето на Купот на победниците на куповите, додека 1975/76 и 1976/77 со Југопластика го освои Купот „Радивоје Кораќ“. Со репрезентацијата на Југославија освои два сребрени олимписки медали, првин во Мексико во 1968 година, а потоа и во Монтреал во 1976 година.
Со Југославија еднаш беше светски првак, а еднаш вицепрвак.
ИЗВОР: ТРТ БАЛКАН