Почина деветмесечното бебе кое беше болно од туберкулоза .
Бебето кое било предвреме родено, на 24 февруари било примено на Детската клиника во Скопје во тешка здравствена состојба. Тежело само 3 килограми.
Мајката на бебето била болна од туберкулоза и најверојатно така се заразило и бебето. Истата болест им беше дијагностицирана и на останатите членови на семејството.
Надлежните служби сѐ уште проверуваат дали бебето било запоставувано.