Почина еден од ранетите во масакрот во Цетиње

Дејан Кокотовиќ од Цетиње почина денеска во Клиничкиот центар во Подгорица како последица на тешките повреди со кои се здоби на 1 јануари годинава во меаната „Велестово“ во центарот на тој град.

Ова е 13-та жртва на нападот на Ацо Мартиновиќ од Цетиње , кој на првиот ден од јануари за околу половина час уби 12 лица, меѓу кои две деца, двајца браќа, објави Вијести.

Кокотовиќ бил ранет во стомакот, градниот кош и главата во нападот на Мартиновиќ врз сограѓаните, поради што истата вечер бил опериран во Клиничкиот центар.

За жал, напорите на лекарите беа залудни.