Контактирана е и нејзината мајка, која во солзи само накратко изјавила една реченица.
Актерката и ТВ водителка Анастасија Заворотњук почина ноќта на 30 мај, по долго боледување, на 53-годишна возраст.
Порака за ова се појави на нејзините страници на социјалните мрежи.
Информацијата за смртта на актерката за „ТАСС“ ја потврди нејзиниот режисер Станислав Христов.
– Драги пријатели! Невозможно е да се разбере и многу е тешко да се најдат вистинските зборови. Нашата Настја почина вечерва по долго и тешко боледување. Ви благодариме на секој од вас што искрено посака добро, се молеше за здравје и веруваше. Настја отсекогаш ја чувствувала и навистина ја ценела вашата поддршка – се вели во објавата на страницата на актерката VKontakte.
Местото и времето на погребот ќе бидат објавени подоцна.
Еден од руските портали стапил во контакт и со нејзината мајка, која во солзи накратко рекла:
– Сега не можам да кажам ништо – рече таа.