Жената на која вечерва и се слоши на концертот на Калиопи во салата на МТС за жал почина.
Госпоѓата која пристигнала на концертот со другарките и ќерката, наеднаш изгубила свест и колабирала, поради што веднаш била повикана брза помош.
На несреќната жена која има околу 70 години и е извршена реанимација, но безуспешно
И Калиопи надвор од себе поради несреќата што се случи на нејзиниот концерт, а во тек е евакуација на публиката од салата.