Легендарниот фудбалер на Партизан, Мустафа Хасанагиќ , почина на 83-годишна возраст, соопштија црно-белите.
-Со тага ја примивме веста дека утрово великанот на југословенскиот фудбал, член на „бебињата на Партизан“ и легендарниот напаѓач на најдобрата генерација на Партизан – Мустафа Хасанагиќ. ФК Партизан изразува искрена болка и сочувство до неговото семејство и пријатели – напишаа црно-бело.
Родене на 20 април 1941 година во Прибој.
Хасанагиќ беше член на познатата генерација која играше во финалето на Купот на европските шампиони на 11 мај 1966 година. Токму тој беше еден од најзаслужните за пласман во финалето, бидејќи го постигна победничкиот гол во полуфиналето против Манчестер Јунајтед во Белград (2:0). Куп натпреварот се одигра на стадионот Хејсел во Брисел пред повеќе од 55.000 гледачи. Партизан поведе против Реал со голот на Васовиќ во 55. минута, но Аманасио и Серена го режираа пресвртот и му го донесоа трофејот на Мадрид.
Во дресот на Партизан, Мустафа одигра вкупно 337 натпревари и постигна 355 голови, а според статистиката на официјалниот сајт на клубот тој е еден од ретките играчи кои постигнале повеќе голови отколку што има одиграно натпревари. Постигна 112 гола на првенствени натпревари, 21 на меѓународни натпревари, 190 на пријателски натпревари.
По Партизан, во 1969 година, Хасанагиќ нашол работа во Швајцарија во Женева, каде што една година и’ се приклучил на Сервента, а следната сезона заминува во ФК Ла Шо де Фонд од истоимениот град во Швајцарија. Таму ја завршува активната играчка кариера, иако играше и во Сирија каде беше играч-тренер.
За најдобрата селекција на Југославија, Хасанагиќ одигра пет натпревари. Своето деби го имаше на 7 ноември 1965 година во квалификацискиот натпревар за Светското првенство против Норвешка (1:1) во Белград. Хасанагиќ се збогуваше од репрезентацијата на 3 мај 1967 година, во квалификацискиот натпревар за ЕП 1968 година во Италија, против Германија (1:0) во Белград.