Почина Мис Балкан! Пронајдено е безживотно тело

Дваесет и седумгодишната манекенка и носителка на титулата Мис на Балканот за 2022 година, Ѓулер Ердоган, загина бегајќи од полицијата.

Безживотното тело на манекенката која дошла во Гиресун на празникот Рамазан Бајрам го забележале и пронашле други возачи на крајбрежниот пат.

27-годишната манекенка, која дошла во Гиресун на одмор, била забележана од други возачи на возила додека лежела неподвижна на крајбрежниот пат на Црното Море во областа Хаџи Хусеин. Полицијата и медицинските екипи биле испратени на местото на настанот по известувањето и констатирале дека Ердоган починалa, пренесува Хуриет.

Ѓулер Ердоган, наводно, починалa на лице место откако во неa удрило возило додека пеш го минувалa Црноморскиот крајбрежен пат во областа Хаџи Хусеин.

Се дозна дека младата манекенка има титула и работела во агенција за модели.

– Ѓулер Ердоган, 27-годишната Мис Балкан, која со семејството отиде во Гиресун за време на празникот Рамазан, пиела алкохол и се забавувала со пријателка , пренесува Сабах.

Според извештаите, полицијата ја запрела манекенката, по што наводно било констатирано дека е во пијана состојба.

Ѓулер Ердоган се обиделa да се сокрие од нив и починал под тркалата на автомобилот.

Семејството на манекенката не ја коментира ситуацијата, а следбениците на социјалните мрежи изразуваат сочувство.

Полицијата моментално ја истражува смртта.