Почина момчето на кое Килијан Мбапе пред еден месец му ја исполни животната желба (фото)

Напаѓачот на Реал Мадрид, Килијан Мбапе се прости од починатото момче Лоренцо, чија животна желба ја исполни кон средината на јануари!

Лоренцо, кој почина од смртоносната болест глиома – рак кој го зафаќа задниот дел на мозокот, имал последна желба да го запознае Мбапе, а Французинот ја исполнил со тоа што го донел на мечот Реал – Лас Палмас.

„Кралскиот клуб“ го доби тој меч со 4-1 на 19 јануари, а Лоренцо се сретна со својот идол, кој во потресна порака напиша:

– По долга борба што храбро ја водевте, синоќа нè напушти. Моето најдлабоко сочувство до вашите родители кои со големо достоинство ве придружуваа низ оваа тешкотија. Имав чест да поминам краток момент со тебе и да сфатам колку си брилијантен и колку ги инспирирал сите околу тебе. Никогаш нема да бидете заборавени и секогаш ќе бидете сакани. Господ нека ве благослови. Почивај во мир мал мој Лоренцо. Твојот пријател, Килијан.

И самиот Реал Мадрид се прости од Лоренцо:

– Реал Мадрид, неговиот претседател и Управниот одбор сакаат да изразат длабоко сочувство до семејството, пријателите и најблиските на Лоренцо, кој неодамна го посети „Бернабеу“ за да го исполни својот животен сон: средба со Килијан Мбапе и играчите на Реал Мадрид. Ќе го паметиме малиот Лоренцо со голема љубов и неговиот спомен ќе продолжи да живее во нашите срца. Нека почива во мир.