Легендарната Риалда Кадриќ Шебек, која се прослави со улогата на Марија во култната југословенска серија „Жикина династија“, ненадејно почина на 25. јануари 2021 година.
Риалда Кадриќ Шебек ненадејно почина на 57-годишна возраст, во Атина, а како што објавија тогаш медиумите, починала на улица од срцев удар.
Како што пишуваа тогаш српските медиуми, Риалда Кадриќ Шебек, како и нејзината мајка, починала на улица во 1991 година.
„На 16. јануари 1991 година мајка ми ненадејно почина на улица во Белград. Војната во Југославија се ширеше и решив да останам во Лондон и да започнам нов живот“, изјавила еднаш Риалда Кадриќ Шебек.
Риалда Кадриќ Шебек, инаку, со години успешно се занимавала со психотерапија. По завршувањето на средното образование се запишала на студии по светска книжевност во Белград. Со цел да го подобри своето познавање на англискиот јазик, таа за прв пат престојувала во Лондон во 1984 година. Животот две години подоцна повторно ја однел во англиската престолнина, но потоа таа таму останала повеќе од 30 години. Во меѓувреме, таа се преориентира на психологија и станала лиценциран психотерапевт.
„Мојата улога е да влезам во дијалог со клиентот, а истовремено да ја следам динамиката на терапевтскиот однос и како несвесните појави се манифестираат во тој контекст. Ценам дека преземањето на првиот чекор може да биде збунувачки. Затоа сметам дека е важно да нагласам дека најмалку што можете да очекувате е пристап без осудување, строга доверливост и можност за разговор во безбедно опкружување“, изјавила еднаш Риалда Кадриќ Шебек, која главно се занимавала со психоанализа, во описот на нејзиниот начин на работа.
Што се однесува до глумата, таа беше на врвот на својата слава во средината на седумдесеттите години од минатиот век, иако тогаш имаше едвај 14 години. Неизмерна популарност и донесе филмот „Луди години“ (дел од култната серија „Жикина династија“), по што сними уште неколку продолженија и беше вистинска атракција во Југославија.