Нов случај во битолската болница ги вознемири битолчани. Бебе вчера починало во болницата.
Според информаците кои кружат во јавноста откако ѝ била дадена таблета да го испровоцира породувањето, родилката била пратена дома од лекарот гинеколог кој бил дента на смена. Кога се вратила ноќта во болница да се породи, веќе било доцна. Дежурните лекари виделе дека нешто не е во ред со бебето, се обиделе да ја породат жената и да го реанимираат бебето, но залудно.
Од битолското обвинителство го потврдуваат случајот од каде велат дека во тек е обдукција за да се утврдат причините за смртта.
Во меѓувреме министерот за здравство ја посети битолската болница и изјави дека сеуште не се знае од што точно починало бебето на битолската гинекологија.
Меџити вели дека според првичниот извештај бебето било живо родено, со тахикардија, имало белодробно-срцево оживување, но како било постапено при породувањето, ќе утврдуваат комисии од Државниот санитарен здравствен инспекторат.
Родилката има 24 години и ова и е прво породување. Инаку министерот рече и дека се уште се чека извештајот од обдукцијата и за малата Јана која пред три недели почина во истата болница под неразјаснети околности.