Почина познатиот актер од „Титаник“ и „Господарот на прстените“

Актерот Бернард Хил, познат по улогите во „Титаник“ и „Господар на прстените“, почина на 79-годишна возраст. Хил починал во раните утрински часови во неделата, потврди неговиот агент.

Британскиот актер го толкуваше ликот на капетанот Едвард Смит во Титаник, а на поновите генерации можеби е познат по неговата улога на кралот Теоден во трилогијата „ Господар на прстените “.

Хил живеел во Сафолк, а позади себе ја остави сопругата Маријана и синот Габриел.