Освои осум медали на најголемите натпревари.
По долго и тешко боледување на 51-годишна возраст почина познатиот германски спортист Тим Лобингер.
Лобингер беше светски шампион во скок со стап во сала во 2003 година и двократен европски шампион (1998, 2002 година). Освои осум медали од најголемите атлетски натпреварувања.
На Лобингер му беше дијагностициран рак на крвта во 2017 година, успеа привремено да ја победи оваа болест, но ракот се врати во 2020 година. Познатиот спортист почина во четвртокот на 16 февруари.
Пред неколку месеци, Лобингер зборуваше за своето здравје во потресно интервју.
– За мене нема спас, ракот е премногу агресивен. Во февруари, лекарите ми кажаа дека смртта е близу. Разговорот со децата беше многу тежок, тие знаат колку ми е лошо – изјави Лобингер за „Билд“ пред четири месеци.
По завршувањето на атлетската кариера, поранешниот светски и европски шампион работеше како кондициски тренер во Лајпциг.