На 101-годишна возраст почина Будимир Лончар, поранешен дипломат.
Како што пишува „Антена Задар“, Лончар бил пронајден мртов во морето, по што очевидци веднаш повикале брза помош и полиција
Порталот пишува дека моментално се истражуваат околностите на настанот и дека Лончар и на 101-годишна возраст се уште бил многу витален.
Тој на 1 април годинава го прослави 100-от роденден и пензионерските денови претпочиташе да ги поминува во родниот Прек, каде што починал.
Лончар на пошироката јавност и е познат како поранешен хрватски и југословенски дипломат, а јавноста го памети и како последен министер за надворешни работи на СФРЈ и специјален пратеник на генералниот секретар на Обединетите нации за Движењето на неврзаните.
Лончар бил советник и на двајца хрватски претседатели.
Бил и член на партизанското движење.