– Родилката која пред околу две недели имаше обид за самоубиство на Универзитетската Клиника за гинекологија и акушерство – Скопје (ГАК) почина вчера, потврдуваат од Клиниката за анестезија, реанимација и интензивно лекување (КАРИЛ).
Триесет и девет годишната родилка била донесена во ГАК во 36-та недела од бременоста. Било констатирано дека се работи за предвремено одлепување на постелката што ги загрозувало и мајката и детето и затоа била однесена во породилна сала и за 14 минути била породена со царски рез.
По породувањето таа се пожалила на вознемиреност и со неа бил извршен разговор со клинички психолог.
Ноќта околу 21:30 часот пациентката преку прозорецот во ходникот направила обид за самоубиство фрлајќи се од првиот кат.