Поранешната прва дама на Соединетите Американски Држави (САД), Розалин Картер, почина во неделата на 96-годишна возраст.
Сопругата на поранешниот претседател Џими Картер (99 г.) почина само два дена откако била хоспитализирана поради деменција.
Розалин и Џими Картер беа во брак 77 години.
„Почина во 14 часот и 10 минути со семејството покрај неа“, соопштија од канцеларијата на Џими Картер.
Двојката имаше три деца, поточно 11 внуци и 14 правнуци.
Поранешниот претседател на САД, Џими Картер, да потсетиме, неодамна одлучи да го прекине болничкото лекување и да добие палијативна нега дома, бидејќи сака да ги помине последните денови со членовите на своето семејство.