Нешто повеќе од еден месец по смртта на Дејан Милојевиќ, почина и таткото на српскиот кошаркар и тренер, Милан Милојевиќ.
Како што пренесува Sportal, таткото на легендарниот кошаркар и тренер починал во четвртокот на 22 февруари. Причината за смртта се уште не е позната.
Да потсетиме, Дејан Милојевиќ почина на 17 јануари во САД кога заедно со тимот гостуваше во Јута, а беше погребан на 12 февруари во Белград. Милојевиќ во текот на кариерата го освои европското злато во 2001 година во Турција, беше член на вториот тим на Евролигата во 2004 година, трикратен шампион на АБА лигата, најдобар стрелец на Јадранот во две сезони… Како како тренер, со Мега го освои Купот Радивој Кораќ, стана шампион во Будуќност на Црна Гора и Купот, а освои и прстен во НБА како помошник на Стив Кер во Голден Стејт Вориорс.