ПОЧИНА ТОНИ МОНТАНО: Не и одговорил на сестра си, упаднале во станот и нашле шокантна сцена

На 62-годишна возраст денеска почина познатиот музичар Тони Монтано, пренесуваат српските медиуми.

Како што дознава српски Курир, испратената патрола на лице место ја затекнала Снежана Миљковиќ, сестра на вујкото на починатиот Миљковиќ Велибор, попознат по уметничкото име Тони Монтано, која изјавила дека не им се јавува на телефон и не ја отворил вратата од станот.

– Ангажирале бравар кој го отворил станот, каде во фотелја бил пронајден музичар. Екипата на итната помош излегла на местото на настанот и констатирала смрт. Истражната екипа извршила увид и го запечатила станот. Нема знаци на насилна смрт – вели изворот на Курир.