Почина уште еден противник на Путин: Дмитри Марков (42) почина истиот ден со Навални

Неговата фотографија на маскиран полицаец од специјалните сили како седи под портретот на претседателот Владимир Путин стана симбол на протестите во 2021 година

Рускиот фотограф Дмитриј Марков почина на 42-годишна возраст, објавија во петокот локалните медиуми во неговиот роден град Псков, цитирајќи ги неговите пријатели, објави „Москва тајмс“.

Марков, кој се потпираше исклучиво на iPhone за својата фотографија, стана познат по снимањето слики од секојдневниот живот во Русија и нејзините региони.

Неговата фотографија на маскиран специјалец кој седи под портретот на претседателот Владимир Путин стана симбол на протестите во 2021 година против затворањето на критичарот на Кремљ, Алексеј Навални, кој почина вчера, истиот ден со Марков.

Оваа фотографија беше продадена за 2 милиони рубљи (21.760 долари) на онлајн аукција, а приходите одат за луѓе кои беа уапсени или казнети за време на протестите за поддршка на Навални.

Волонтирал во сиропиталиште и работел како асистент во добротворна организација која им помага на лицата со посебни потреби.

Има објавено три книги од својата фотографија, а неговата страница на Инстаграм со фотографии од Русија има повеќе од 800.000 следбеници.