Роберт Бадентер – француски адвокат и политичар – почина на 95-годишна возраст, пренесува Le Monde. Роберт Бадентер e поранешен социјалистички министер за надворешни работи на Францијa и е роден во 1928 година во Париз. Тој бил и професор по право, претседател на францускиот Уставен совет и сенатор во француското национално Собрание.
Во својата долгогодишна правна и политичка кариера тој првенствено се залагаше за укинување на смртната казна во Франција, што му успеа во 1981 година.
Кога Франсоа Митеран стана претседател во мај истата година, тој го назначи Роберт Бадентер за свој министер за правда. Укинувањето на смртната казна стана приоритет на новата социјалистичка Влада, но тоа наиде на силен отпор во некои кругови. Роберт Бадентер од прва рака беше сведок на ужасната завршница и беше решен да го протурка законот.
Тој исто така беше посветен борец за декриминализација на хомосексуалноста.
Роберт Бадентер претседаваше и со Арбитражната комисија на Мировната конференција за Југославија, која во 1991 година заклучи дека СФРЈ е во процес на распаѓање, врз основа на кој, на 15. јануари 1992 година, земјите од Европската економска заедница (ЕЕЗ) ја признаа државната независност на Хрватска и Словенија во постојните граници.
Арбитражната комисија во рамките на Мировната конференција за Југославија, попозната како Бадентерова комисија, беше арбитражна комисија формирана од Советот на министри на Европската економска заедница (ЕЕЗ) на 27. август 1991 година, чија задача беше да промовира мирно разрешување на кризата со решавање на спорни правни прашања во поранешна Југославија.
Роберт Бадентер беше назначен за претседател на петчлената комисија составена од претседатели на уставните судови од земјите-членки на ЕЕЗ.
Според мислењето на комисијата, во заклучокот донесен на 29. ноември 1991 година, СФРЈ се распадна, а границите меѓу поранешните федерални единици беа земени како државни граници на новосоздадените земји, кои не можат насилно да се менуваат.
Оваа одлука ја даде правната основа за признавање на независноста на републиките на поранешна СФРЈ, а врз основа на неа, на 15. јануари 1992 година, земјите од Европската економска заедница (ЕЕЗ) ја признаа државната независност на Хрватска и Словенија во рамките на постојните граници.
Овој еврејски интелектуалец, чиј татко починал во германски концентрационен логор, бил честа мета на напади на француската десница, делумно карактеризирана со антисемитизам, објави медиумската агенција Reuters.