Почина 17 годишно момче од струен удар на пругата Кисела Вода

Почина 17-годишното момче од Волково, кое на 16 јануари се качи во вагон-цистерна и настрада од струен удар.

,За жал, и покрај максималните напори на медицинските екипи, 17-годишниот пациент го загуби животот со изгореници и тешки повреди“, велат од болницата.

Пациентот беше третиран на мултидисциплинарен начин од специјалисти од пластична и торакална хирургија на одделението за интензивна нега, земајќи ги предвид резултатите од сите испитувања, параметрите и неговата исклучително тешка здравствена состојба.

На пругата во општина Кисела Вода момчето се возело во вагон-цистерна при што настрадало од струен удар.

Од МВР за случајот објаснуваат дека цистерната изгорела, додека момчето со возило на итната помош било испратено во Ургентниот центар.