Во Општата болница Велес пријавиле дека вчера наутро во 8:30 часот дека на Детското одделение е донесено починато деветмесечно бебе од велешкото село Сливник, кое претходно имало здравствени проблеми.
Како што денес соопшти Регионалната полициска станица Велес, портпаролката Билјана Ѓаковска, лекарка, констатирала смрт без траги на насилство, додека по наредба на јавен обвинител, телото на починатото бебе е испратено на обдукција.