Почна загадувањето на воздухот – најзагадено во Скопје, Кичево, Струмица…

Синоќа на некои места низ Македонија можеше да се забележат енормни зголемувања на загаденост на воздухот.

Најалармантно беше во Скопје, каде мерната станица во Лисиче измери најголема загаденост, односно 197 милиграми ПМ10 честички на метар кубен.

Кичево и Струмица се на второто и третото место по зголемена загаденост, а на листата меѓу најзагадени се најдоа и Велес, Кавадарци и Тетово.

Македонија е позната по екстремно загаден воздух, особено во зимските месеци кога температурите се ниски.

Загаденоста на воздухот може да ја следите на следниот линк.