Поединечни нарачки на турскиот автомобил Тогг можни се од 16-27 март, а испораките на возилата на купувачите ќе бидат реализирани во текот на 2023 година
Првиот турски електричен автомобил Тогг за купувачите преку индивидуални нарачки ќе биде достапен преку преднарачка во текот на овој месец, а испораките се очекуваат во текот на идната година.
Поединечни нарачки на турскиот автомобил Тогг можни се од 16-27 март, а испораките на возилата на купувачите ќе бидат реализирани во текот на 2023 година, потврдено е денес од оваа компанија.
Моделот „T10X” кој од производната линија излезе на Денот на Републиката 29 октомври 2022 година, наскоро ќе се најде во гаражите на индивидуалните купувачи, кои ќе се одлучат за преднарачка преку интернет платформата на оваа компанија.
Цената на основниот модел почнува од 953 илјади турски лири (ТЛ) или приблично 46 илјади евра, а на купувачите им се на располагање батерии со дострел од 523 и 314 километри, чие основно полнење од 20 на повеќе од 80 отсто можно е за помалку од 28 минути.
Производство на домашен автомобил во Туркије
Претседателот на Туркије Реџеп Таип Ердоган го симна од производствената лента првиот домачен електричен автомобил Тогг на 99-годишнина на Денот на Република, на 29 октомври во 2022 година.
Со иницијатива на претседателот Ердоган, турскиот сон за домашен и национален автомобил повторно заживеа, а потрагата за инвеститорите под водство на Унијата на комората и берзите на Туркије (ТОББ) завршена е за кратко време.
Домашното производство на автомобилот се спроведува под координација на Министерството за индустрија и технологија на Туркије и ТОББ, а Протоколот за соработка за заедничко вложување во автомобилскиот проект го потпишаа на 2 ноември во 2017 година компаниите Анадолу Груп, БМС, Кираџа Холдинг, Туркчел Груп и Зорлу Холдинг.
Кон крајот на 2019 година утврдена е локацијата на која ќе биде изградена фабриката а со присуство на претседателот Ердоган претставени се и карактеристиките и прототиповите на двата модели на турскиот електричен автомобил Ц-СУВ и Ц-Седан.
Изградбата на фабричкиот комплекс за производство на електричен автомобил во Гемлик во областа Бурса официјално почна во јули 2020 година на површина од 1,2 милиони метри квадратни. Новото лого на Тогг е претставено на 18 декември 2021 година. Две стрелки во дизајн на логотип, кои се спојуваат во драгоцен камен во средина, симболизираат спојување на источната и западната култура и истакнуваат дека Тогг е технолошка компанија која ги спојува технологијата и луѓето на раскрсницата денес и утре.
Тестирањето на турскиот автомобил Тогг извршено е на лиценцирани писти во Туркије, Шведска и Аргентина, а успехот во таа фаза го отвори патот за свечено отворање на комплексот на фабриката за сериско производство на електричен автомобил кој се издвојува по богати дизајнерски и технолошки карактеристики.
Напредни системи
Опремен со долготрајна батерија, која ја обезбедуваат напредни системи за управување со батерија и системи на активно управување со топлина, автомобилот може да забрза од 0-100 км/ч за помалку од 7,6 секунди со 200 коњски сили и 4,8 секунди со 400 коњски сили.
Со батерија интегрирана во платформа, компатибилна со Euro NCAP нивото од пет ѕвездички, ќе има висока отпорност на удари и 30 отсто поголема отпорност на торзија. По завршувањето на хомолагациските тестови, првиот автомобил ќе биде лансиран на пазарот кон крајот на првиот квартал од 2023 година. Потоа и другите модели ќе влезат во производствената линија. Во наредните години, со додавањето на B-SUV и C-MPV, ќе биде пополнет асортиманот на Тогг кој се сосстои од пет модели.
Кога комплексот ќе го достигне капацитетот од годишно производство од 175.000 возила, ќе вработува 4.300 луѓе. Тогг планира до 2030 година да произведе милион примероци од возилото.
TRT Balkan