На децата помлади од 14 години од следната година ќе им биде забрането да се приклучуваат на социјалните мрежи во Флорида, пишува Sky News.
Законот беше потпишан од гувернерот Рон ДеСантис, а законот им наредува на фирмите на социјалните мрежи да ги избришат сметките на лица помлади од 14 години
На децата на возраст од 14 и 15 години ќе им треба и родителска согласност пред да се пријават на платформи како што се Instagram и Snapchat.
Компаниите кои нема да ги избришат сметките ризикуваат да бидат тужени во име на деца, а исто така може да бидат казнети и до 50.000 долари за кршење на законот.
Овој закон се очекува да стапи на сила во Флорида од јануари следната година, но се очекуваат предизвици од фирмите кои тврдат дека го прекршува американскиот устав.