Почнува гласање за доверба на Влада во Грција

Почнува гласање за доверба на Влада во Грција

Само десетина дена по парламентарните избори, во грчкиот парламент почнува тридневна расправа за гласање доверба на владата. На гласањето в сабота ќе му претходи обраќање на премиерот Мицотакис, како и на лидерите на партиите кои ќе ја претстават владината програма.

„Нова демократија“ победи со 40,56 отсто од гласовите и доби 158 пратеници, со што обезбеди парламентарно мнозинство од минимум 151 пратеник за формирање Влада.