Омилениот холивудски актер Морган Фримен се појави на сцената на Оскарите, но она што го привлече вниманието на гледачите и обожавателите е црната сатенска ракавица на раката – 15 години откако тој доживеа тешка сообраќајна несреќа во која левата рака му остана парализирана.
Заедно со Маргот Роби, 85-годишниот оскаровец на сцената ја прослави 100-годишнината на американската компанија Warner Bros. Холивудската актерка носеше црн, светкав фустан додека Фримен се одлучил за смокинг.
Легендарниот актер имаше сообраќајна несреќа во 2008 година, кога автомобилот му се преврте неколку пати на автопатот, а покрај ветувањата на докторите дека раката ќе му закрепне, таа му остана парализирана. Поради оштетување на нервите, тој мора да носи компресивна ракавица за да го одржи протокот на крв.
„Доживеав оштетување на нервите, не можам да ја движам раката. Знаете ли дека еден човек ја движи раката околу милион пати на ден ?“, изјави тогаш актерот по несреќата.
Легендарниот актер го привлече вниманието на обожавателите со сивите мустаќи и ќелавата глава.
„Кога Морган Фримен стана ќелав ?“, „Ќелавиот Морган Фримен и стареењето негово ми дава толку многу вознемиреност што никогаш не очекував“, гласат дел од коментарите на социјалните мрежи по Оскарите.