Во текот на зимата ни треба посилна исхрана за да функционираме. Затоа ви препорачуваме дел од намирниците кои изобилуваат со потребните витамини кои ни се потребни во текот на зимата.
Пристигнаа студените денови, па важно е какво гориво му давате на телото за да остане силно и отпорно во текот на есента и зимата. Се предлага во текот на зимата да јадете храна која го загрева телото, го зајакнува имунитетот и го подобрува расположението, што е многу важно во студените, зимски денови, кога немаме можност да уживаме во сонцето. Заменете ја сировата храна што ја јадевте летово со зготвена храна, топли супи, чорби .
Подолу ви даваме листа на намирници кои се многу добар избор за студените есенски денови.
Овес
Без оглед на тоа што припаѓа на житариците, овесот е богат со масти и протеини кои лесно се претвораат во енергија, а со тоа ја зголемува отпорноста на организмот на студ. За појадок можете да јадете овесна каша во комбинација со млеко од растително потекло.
Леќата
Леќата е исто така храна која го загрева телото. Освен што го загрева телото, оваа житарка го поттикнува лачењето на ендорфинските хормони кои го подобруваат расположението. Помага во лекување на болести на крвотокот, ревматизам, дијабетес и стомачни заболувања, а богат е со протеини и витамини Б1 и Б2.
Црн грав
Оваа мешунка е одличен извор на железо и бакар кои го зајакнуваат имунитетот, а ги снабдуваат мускулите со кислород кој го поттикнува согорувањето на мастите, а со тоа го загрева телото. Богат е и со протеини, јаглени хидрати, влакна и омега 3 масни киселини.
Авокадо
Во зимските денови користете го како една од состојките во топлите напитоци, супи или топли преливи како прилог со главното јадење. Ова овошје е богато со здрави масти кои помагаат да се намали нивото на лошиот холестерол и да се снабдуваат клетките со хранливи материи.
Кајен пипер
Капсаицинот од лутата пиперка ја подобрува циркулацијата и на тој начин го загрева телото. Позитивно влијае на работата на срцето, ја ублажува болката и го подобрува расположението. Покрај тоа, го промовира согорувањето на мастите и го зајакнува имунитетот. Овој зеленчук додадете го во варени јадења и чорби, а можете да го користите и како зачин.
Ѓумбир
Оваа билка го има истиот ефект како и лутата пиперка. Имено, благодарение на зачинетите материи што ги содржи, ги активира топлинските рецептори во телото, а со тоа го загрева телото и ја забрзува циркулацијата. Можете да го користите како зачин, но и како состојка во бројни топли напитоци.
Лесно масло од сусам
Бидејќи е богато со линолеинска киселина, лесното масло од сусам учествува во процесот на претворање на храната во енергија, а со тоа ја зголемува телесната температура и го загрева телото. Вклучете во вашата исхрана други мешунки како црвена леќа и грашок, потоа јаткасти плодови, коренест зеленчук како моркови, келераба и целер и лук, кои исто така го загреваат телото.