Не долго по веста за разводот, поп-ѕвездата Бритни Спирс неодамна беше видена во друштво на друг маж.
Како што забележаа медиумите, Бритни Спирс била видена како оди на вечера со непознат маж. Таа била видена како излегува од ресторанот на Крег во Холивуд околу 22 часот.
За вечерното излегување таа избра кратко зелено фустанче со сребрени детали, длабоки црни чизми, беж чанта и црвена каубојска шапка. Цела вечер била придружувана од нејзиното обезбедување, а во еден момент им се придружил и мистериозен маж.
По вечерата, тој влезе во нејзиниот теренец и се сокри зад нејзиното седиште. Медиумите веднаш не открија за кого станува збор, бидејќи мажот ја потпрел главата на седиштето. Тој беше во опуштено издание, каде за своето излегување одбра карирана кошула и широки панталони.
Само еден ден подоцна, истиот човек е виден во автомобил со пејачката. Наводно, станува збор за Пол Ричард Солиз, 37-годишен маж кој речиси една година е вработен како нејзин персонал, а наводно има и криминално минато, кое Бритни не го проверила при процесот на вработување.
Потсетуваме дека иако гласините за разводот на Бритни Спирс и Сем Асгари кружат со месеци, парот дури неодамна откри дека разводот се случил. Тие беа во брак една година, а наводно измамата е една од причините за нивното раскинување.