По вторпат за два месеца е нападната рибочуварката на Тиквешко Езеро

Во тек на вчерашниот ден на брана на хидроелектричната централа на Тиквешко Езеро, Кавадарци, 44-годишната М.П. била физички нападната од две лица, додека извршувала работни задачи.

Вчера во 11 часот во СВР Кавадарци таа пријавила дека била нападната од Т.М. и А.М. до Возарци, кавадаречко.
Од СВР Велес велат дека се работи на расчистување на случајот.

Пред само два месеца, истата рибочуварка во време додека извршувала работни задачи, исто така беше нападната на местото викано ,,Пунктот” на Тиквешко Езеро.

Тогаш во СВР Кавадарци беа повикани три лица од Пепелиште, неготинско, на возраст од 28,47 и 48 години, и со нив беше извршен службен разговор по повод настанот.

Од МВР изјавија дека по документирање на настанот ќе биде поднесена соодветна пријава.