По една година повторно се отвора мостот „Беласица“ во Скопје

По речиси 1 година, поточно од 12 мај кога го зафати големиот пожар, мостот „Беласица“ од денеска е целосно пуштен за сообраќај, јавува ТВ21. По минатите безбедносни тестови, повторно е отворен мостот што ја поврзува централната автобуска станица со „Ист Гејт Мол“ и кој беше еден од најважните мостови во Скопје.

Мостот делумно беше пуштен во употреба во септември минатата година, додека сообраќајот се одвиваше по една коловозна лента и само за лесни возила.

Минатата недела беа извршени неколку безбедносни тестови на мостот, по што следуваше одлуката за целосно отворање.