По излегувањето на Демократската лига од владината коалиција, доаѓа првата оставка од оваа партија во извршната власт, информира Журнал.
Заменик министерот за локална самоуправа Зоран Димитровски кој доаѓа од ЛД на Павле Трајанов денеска поднесе оставка.
Премиерот Димитар Ковачевски претходно изјави дека заминувањето на ЛД од власт не претставува никаква опасност и нема влијание врз функционирањето на парламентарното мнозинство.