По изговорените зборови дојде до пресврт: Јелена Карлеуша објави заедничка фотографија (фото)

Деновиве сите балкански медиуми пишуваа за тоа дека постои некаков конфликт меѓу Марија Шерифовиќ и Јелена Карлеуша. Овие шпекулации станаа јавни откако пејачите се одследија на Инстаграм.

Двете со години се во добри односи и заедно беа дел од жирито на музичкиот натпревар „Ѕвездите на Гранд”. Сепак,  се чини дека сега ќе има помирување и тоа токму на Божиќ.

Јелена на Инстаграм објави фотографии кои се направени претходната година, а потоа сподели слика со Марија. Тие двете поминаа време на еден настан.

Потсетуваме, новинарите еднаш ја прашаа Марија дали Јелена ѝ го честитала албумот „Dolazi ljubav“, а таа објаснила каков однос имале.

– Јелена не одговори и претпоставував дека ќе ме прашате и мене тоа. Да ставиме крај на ова засекогаш: Немам ни најмал проблем со Јелена Карлеуш, ако има, мислам дека сите треба да го знаеме тоа. Ова е мојот единствен одговор – нагласи Марија.

Јелена за време на едно интервју не негираше дека се скарале.

– Марија знае дека сум и’ лута, само се преправа, но сега нема да зборуваме за тоа, празниците се пред нас – изјави неодамна Јелена.

Јелена јавно и’ честиташе на Марија Шерифовиќ за раѓањето на нејзиниот син, кој го доби со помош на сурогат мајка.

– Сè уште не сме се слушнале, но планирам да и’ се јавам и да и’ честитам. Знаев за нејзиниот план многу пред вас и пред да ја објави добрата вест. Бидејќи јас сум единствената што не би кажала ништо дури и кога е лута, сакам јавно да и’ честитам. Знам дека ќе биде прекрасна мајка и знам колку го сакаше тоа. Верица ќе биде прекрасна баба. Заслужи да има внуче и да биде среќна – изјавила Јелена.