Милијардерот Илон Маск ја назначи Линда Џакарино, поранешна шефица на маркетинг во NBC Universal , за нов извршен директор на Twitter!
Промените на оваа социјална мрежа доаѓаат поради големиот пад на приходите од реклами, како и зголемувањето на долгот.
– Возбуден сум што можам да ја пречекам Линда Џакарино како нов извршен директор на Твитер . Линда првенствено ќе се фокусира на деловните операции, додека јас ќе се фокусирам на дизајнот на производите и новата технологија – напиша Маск во пораката.
Маск стана извршен директор на социјалната мрежа популарна меѓу новинарите и познатите личности откако минатиот октомври го купи Твитер за 44 милијарди долари.
Откако дошол на чело на компанијата, тој во неколку наврати отпуштал повеќе од 70 отсто од вработените. Маск е сопственик на Tesla, која произведува електрични возила и SpaceX, која произведува вселенски летала.