Најмалку 110 луѓе се брутално убиени на Хаити откако вуду свештеник ги обвини за вештерство поради кое неговиот син се разболел и умрел, јави вчера Би-би-си.
Според извештаите, членовите на неименувана банда потоа собрале десетици жители на возраст над 60 години, а потоа ги убиле со ножеви и мачети. Локалните жители известија дека виделе осакатени тела како лежат на улиците.
Локалните медиуми објавија дека постарите лица биле издвоени затоа што се верувало дека практикуваат вуду, откако на водачот на бандата му било кажано дека тие ја предизвикале болеста на неговиот син.
Групите за човекови права рекоа дека човекот кој ги наредил убиствата бил извесен Монел Феликс, познат како Микано. Тој, наводно, ја контролира пристаништето на главниот град Порт-о-Пренс.
Додека деталите за масакрот сè уште се појавуваат, шефот за човекови права на ОН Волкер Турк изјави дека бројот на луѓе убиени во текот на викендот „во насилство организирано од моќен водач на банда“ е речиси 200. Ако тој број се потврди, бројот на жртвите од убиството овој викенд ќе биде најсмртоносниот инцидент досега оваа година на Хаити.
Хуманитарната организација Национална мрежа за одбрана на човековите права проценува дека 60 луѓе биле убиени во петокот, додека други 50 биле уапсени и убиени во саботата, откако синот на водачот на бандата починал од болест.
Банди кои контролираат околу 85 отсто од Порт-о-Пренс принудија стотици илјади Хаиќани да ги напуштат своите домови, според Меѓународната организација за миграција, а повеќе од 700.000 луѓе, од кои половина се деца, биле внатрешно раселени.