“ПО ОВА МЕРЕТЕ МУ ГО УМОТ!“ – Никола Груевски во негов стил го ‘нокаутираше’ Христијан Мицкоски: “Така ли се води партија ?“

Продолжува јавниот конфликт и „раскол“ во ВМРО-ДПМНЕ.

Никола Груевски не остана рамнодушен по денешната објава на претседателот на партијата, и со уште една објава на Фејсбук упати низа тешки зборови кон Христијан Мицкоски.

Поранешниот претседател на ВМРО-ДПМНЕ од Будимпешта се јави со уште попровокативен статус, кој предизвикува голема конфузија кон членството на оваа партија.

Христијан Мицкоски и Никола Груевски

Во воведниот дел, Никола Груевски, му постави лично неколку прашања на Христијан Мицкоски:

Денес стигна одговорот на Мицкоски. И како што очекував без никаков аргумент, без никаков доказ или нешто слично. Рекла-казала од типот „се слуша“, „гласно говорат“, „се фалат“ итн. Тоа ли е политика ? Така ли се води партија ? Така ли се гради единство во партијата ?“, вели Никола Груевски.

Никола Груевски понатаму продолжува и кажува како Христијан Мицкоски си ја исполнил повеќе-годишната желба да влезе во директен конфликт со него:

Мицкоски си ја исполни повеќегодишната желба да влезе во јавен конфликт и напади врз мене. Некој му кажал дека тоа ќе му е од корист. Провикациите од негова страна не се од вчера, само што на таа провокација од вчера неможеше да не се одговори, барем со прашања колку да се извади на површина дека Христијан Мицкоски изнасилено си создаде нов противник наместо да се занимава со власта, која седма година неможе да ја сруши и покрај нивната неспособност, корумпираност и безидејност“.

Според поранешниот претседател на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, сега има ново алиби за следниот изборен резлутат:

Си создава ново алиби за секоја идна намерна или ненамерна грешка и штетна одлука, алиби за идните изборни резултати, кои со овој памет нема да се очекуваните од сите нас. Напишал дека сум сакал да создавам раздор и тој не сакал јавно да се препукува, ќе ми кажел во четири очи. А ме нападна преку најпознатиот германски медиум. Јас знам, а и јавноста, дека со ниту еден збор или потег не сум направил раздор досега. Ако навистина сум планирал такво нешто, зошто не почекаа, да се види тоа, да направам нешто што ќе им биде поткрепа на тезите, а не од наводни озборувања и гласини да градат политики. Напротив, раздорот го направи тој со моето прогласување за нов непријател и жестокиот напад без да се даде најмала причина. Заев го направи најголем пријател и сојузник, мене кој цел живот го бранам националните, државните и партиските интереси, и само добрини сум му направил во животот ме прогласи за непријател“.

Никола Груевски упатува порака во која јасно вели до членството на партијата дека по ова треба тие да го порценат сегашниот претседател:

По ова мерете му го умот!

Исто така, Никола Груевски, вели дека Христијан Мицкоски ја активирал целата партиска машинерија да застане во негова одбрана во овој јавен конфликт:

Потоа ја стави целата партиска машинерија во одбрана на неговите параноични, штетни и безсмислени чекори и политики. Токму тоа е “со сила” создавање раскол, растурање, а не нешто што сум направил јас“.

За крај, Никола Груевски вели дека тој постојано го напаѓа СДСМ, а Христијан Мицкоски го нападнал него:

Јас во континуитет жестоко го напаѓам СДСМ. Мицковски ме нападна мене. Нели ви е нешто чудно тука ? Се тоа може да му биде интересно до следните избори, кога оваа политика на создавање непријатели од луѓе кои го посветиле животот на партијата и каузата ќе ја следи од канцеларијата и ќе му одработува партиската машинерија која му ја оставив. Но, што потоа ?“, заклучува Никола Груевски.

КАКО ХРИСТИЈАН МИЦКОСКИ СТАНА „ПОМОЌЕН“ ОД НИКОЛА ГРУЕВСКИ ?

Веќе извесно време, во политичките анализи на новинарот Васко Ефтов и емисијата „ВО ЦЕНТАР“ се зборува за тој „раскол“ во ВМРО-ДПМНЕ.

Во моментот, системот на Никола Груевски гледаме како се распаѓа пред нашите очи.

@vocentar

ВО ЦЕНТАР – С23E01: Како Христијан Мицкоски стана помоќен од Никола Груевски !? – целата емисија погледнете ја на YouTube каналот Vasko Eftov #fyp #fy #foryoupage #viral #VoCentar #VaskoEftov #MK #MKD #Macedonia #Makedonija #tiktokmacedonia #VMRO #VMRODPMNE #NikolaGruevski #HristijanMickoski

♬ original sound – Vo Centar – Vasko Eftov

Христијан Мицкоски кој беше под контрола на Никола Груевски, изминатите три или четири години, прво преку Јордан Орце Камчев, а подоцна преку поранешниот претседател на Владата и претседател на СДСМ, Зоран Заев, е земен од чинелот на Никола Груевски. Денес претседателот на ВМРО-ДПМНЕ е всушност е „плашилото“ со помош на кого големата македонска олигархија сака да пазари со меѓународната заедница, па токму поради ова, Христијан Мицкоски се чуствува дека е многу помоќен од Никола Груевски а во тоа му помагаат македонските олигарси и длабоката држава, а со тоа влегува во процеси со кои им се спротиставува меѓународната заедница и ги блокира сите процеси на Македонија за членство во Европската унија.

Последната политичка анализа на Васко Ефтов, а воедно и прва емисија во новата 23. сезона на емисијата „ВО ЦЕНТАР“ можете да ја погледнете во видеото овде.

ВМРО-ДПМНЕМакедонијаНикола ГруевскиполитикаХристијан Мицкоски